четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Жител на велешко извршил полов напад врз 10-годишно дете

Деветнаесет годишен жител на Велешко вчера бил приведен поради сомнение дека извршил полов напад врз 10-годишно дете.

pedofilija

Поврзани вести

Деветнаесет годишен жител на Велешко вчера бил приведен поради сомнение дека извршил полов напад врз 10-годишно дете.

Полицијата информира дека СВР Велес  поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од село Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ .

Пријавениот во средата околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница во с.Мелница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.

После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома. Од срам не кажало никому.

Наредниот ден, во четвртокот неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило. Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес,  а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесно на преглед во Судска медицина – Скопје .

Пријавеното лице е приведено вчера во 06.30 часот.

Најчитани вести