Жители на Аеродром: Станови за бегалци, а многу македонски семејста без дом

Граѓаните на општина Аеродром секојдневно го искажуваат својот револт  поради владинта Национална стратегија што предвидува изградба на станови за бегалци во близина на зградата на ФФМ.

-Дали сте бре вие нормални, има ли некој таму грам мозок во главата!? Владата со стратегијата за бегалци 2017-2027 предвидува долгорочно станбено решение за бегалците кои ќе ги населат во Република Македонија, односно изградба на станови за нив. Бегалците ќе го имаат на располагање целиот образовен систем, ќе бидат целосно израмнети со македонските граѓани во секој поглед. Владата предвидела за истите да се олесни и пристапот до државјанство, и овоможување на стекнување на работа, тоа значи дека нашите работни места ќе ги земат бегалците, кои ќе треба целосно да ги интегрираме, и да им изградиме станови, во услови кога многу семејства во Република Македонија немаат свој сопствен дом, државата ќе гради домови за бегалци. Па зарем не е ова срамота!?, прашуваат во постот на социјалната мрежа Фејсбук, на групата Аеродром ВО МОЕТО СРЦЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.