Жители на Македонски Брод фалсификувале пари

Жители на Македонски Брод фалсификувале пари. Кривична пријава е поднесена против 20-годишните М.С. и А.Ј. од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавените на 16-ти месецов во домот на првопријавениот изработиле 10 (десет) лажни банкноти во апоени од по 1.000 денари и 58 лажни банкноти во апоени од по 500 денари. Истиот ден околу 23.00 часот во кафе бар во Македонски Брод при плаќање на сметка употребиле една лажна банкнота во апоени од 1.000 денари.

Еден час подоцна, околу 24.00 часот, во ресторан, повторно порачаниот пијалок го платиле со лажна банкнота од 1.000 ден.

Наредниот ден, сопствениците на угостителските објекти, при внесување на промет во банка во Македонски Брод, забележале дека банкнотите се лажни, по што двата настани се пријавени во полицијата во Македонски Брод.

Пријавените биле приведени минатиот четврток, по само два дена откако ги изработиле парите и биле задржани во полицијата во Македонски Брод каде што го признале делото.

По наредба од Основното Јавно Обвинителство – Гостивар за претрес, извршени се претреси во домовите на осомничените. При претресот пронајдени се лажно изработени банкноти во апоени од 500 денари, како и опремата со која се печателе банкнотите.