сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 29

Жителите на Центар револтирани: Жерновски не презема ништо- улиците се жив мраз, сами се организираме (ВИДЕО)

Граѓаните на Општина Центар револтирани од односот на градоначалникот Андреј Жерновски  мрзнат на минусните температури и сами го чистат снегот и мразот.

boemska-centar

Поврзани вести

Жители на Дебар Маало во анкетата на ТВ Нова велат дека Жерновски воопшто не е дојден откако седнал во градоначалничката фотелја, не па да чисти или да донесе сол.

-Воопшто не е исчистено, еве сами гледате дека е се’ мраз, подмрзнато е. Пред вратите сами сме исчистиле, другото не е исчистено. Не е дојден господинот Жерновски воопшто откога е седнат во фотелјата, не дошол овде цо Маџар Маало, не па да исчисти или да донесе сол, да расчисти овдека. Колите не можеме, се лизгаме, хаос е, катастрофа е. Се санкаме ние, не да одиме туку се санкаме, не можеш да одиш пешки, не па со кола, сите коли се паркирани, не можеш ни да излезеш на главната улица, вели еден жител на Дебар Маало.

Негова сограѓанка додава дека улиците се за никаде, а градоначалникот не презема ништо.

– Еве како што гледате снег паѓа, голомразица е, ќе искршиме нозе сабајле за на работа, за пазарување. Има и дупки кои што се поплнети со мраз и колите ќе си ги искршиме. Тој градоначалник ништо не презема поготово за Маџар Маало. На улиците не е фрлена сол, вели таа.

Друг граѓанин додава дека обврска на Жерновски е да преземе нешто на овие ниски температури.

-Како што самите може да виите, улиците се мраз. Ние колку можеме самите граѓани рачистуваме, меѓутоа улиците се жив мраз, нема ништо, некој да дојде, да фрли нешто. Самоиницијативно се организираме. Нивна должност е, особено на градоначалникот да преземе нешто на овие ниски температури, вели жителот на скопско Дебар Маало.

Најчитани вести