Жителите на Горно Агларци добија подвижна аптека

Министерот за здравство Никола Тодоров денес оствари работна посета на селото Горно Агларци, во рамки на работната посета на општина Новаци, каде се сретна со локалното население.

Ова населено место е опфатено со проектот Подвижна аптека, со што од почетокот на месецов жителите ги добиваат потребните лекови во своето место на живеење, со посебно возило – подвижна аптека.

Овој проект овозможи значаен бенефит за жителите од регионот, кои досега мораа да патуваат до поголемите населени места за потребните лекови.