Жителите на кумановско незадоволни од градоначалникот Дамјановски

Жителите на кумановско се незадоволни од градоначалникот Зоран Дамјановски. Тие велат дека Дамјановски не ги решава локалните проблеми, а се кити во владини проекти.

-Воопшто не не посетува градоначалникот, не можеме да дојдеме до него, не е заинтересиран да ни ги реши локалните проблеми- ова се дел од коментарите на жителите на населените места од Куманово за градоначалникот Зоран Дамјановски, кои вчера ги посети премиерот Никола Груевски, пишува Курир.

Најголемиот дел од проблемите се во надлежност на локалната самоуправа која е незаинтересирана за потребите на граѓаните. Жителите на кумановско Романовце се жалат дека им е потребен водовод, немаат канализација, а градоначалникот Дамјановски воопшто не ни аплицирал за владината програма за поддршка на инфраструктурни објекти.

Премиерот Груевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при вчерашната посета на Куманово и кумановско им објаснија на граѓаните дека 1 милион евра стојат на располагање дадени од владата за проекти за Куманово за кои само градоначалникот треба да поднесе барање и проект.

 -Ние овде не знаеме кој е градоначалник и што фукнција врши. Тој човек ние воопшто не го познаваме како граѓани на Романовце. Градоначалникот вика дека нема средства за Романовце, не дошол да не посети како мештани на ова село. Најголем проблем ни е канализацијата, вели жител на Романовце.

-Има планирано еден милион средства за општина Куманово. Ако ова е приоритетот ние сме за да се поддржи. Треба да се достави проектот за канализацијата и барање. Ако се достави тоа, средтсвата ќе бидат префрлени и проектот веднаш ќе почне да се реализира. Апел и до градоначалникот да дојде кај министерот за транспорт, да го достави проектот и средсвата со кои ќе се прави канализација ќе бидат одобрени, истакна Груевски.

Слична е сликата и во кумановската населба Гоце Делчев каде Зоран Дамјановски ветувал градинка, но ветување останало празно, без реализација.

И во кумановска Пчиња жителите побараа исто така водовод кој им го ветувал градоначалникот Дамјановски.

Наспроти ова Зоран Дамјановски без срам се појави да промовира владин проект, иако општината нема никакви вложувања. Тој се пофали со реконструкција на основното учлилиште „Браќа Миладиновци“ иако за тоа не дал ниту денар.

Токму ова улилишите преку Министерството за образование и наука беше реконструирано во износ на 12 милиони денари при што е извршена целосна санација на фасадата, прозорците, вратите и кровната конструкција. Ова реконструирано училиште вчера го посетија Груевски и заменик министерот за образование Спиро Ристовски.