Жителите на Лабуништа добија реновиран и проширен здравствен дом

Жителите на струшкото село Лабуништа добија реновиран и проширен здравствен дом, со што ќе се задоволат потребите на локалното население, а во тек е набавка на медицинска опрема во вредност од 35 илјади евра.

Здравствениот дом денеска го посетија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на Владата. Доградена е површина од 270 метри квадратни на постоечките 170.

Во склоп на Здравствениот дом од минатата година на барање на жителите функционира итна медицинска помош. Жителите изразија благодарност за реализираниот проект, бидејќи според нив стариот објект не ги задоволувал потребите на населението.

gruevski labunista1

– Задоволство ми е што сум тука на завршен објект кој беше ветен и реализиран. Ние не ветуваме лесно, но кога ќе ветиме ја завршуваме работата, рече Груевски.

Груевски оствари средба и со жителите на Лабуништа на која тие побараа санација на слечиштето кај амбулантата во село Бороец за што беше посочено дека во изработка е проект и до крајот на годината  ќе почне изградбата.

Според жителите итната медицинска помош во едно деноноќие има и по триесетина пациенти што е многу спасени животи и подобра здравствена заштита и поквалитетен живот на граѓаните