понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Жителите на Лондон избираат нов градоначалник

Жителите на Лондон денеска ќе изберат нов градоначалник. Избори се одржуваат и за регионалните парламенти во Шкотска, Велс и Северна Ирска.

london

Последни вести

Во Лондон натпреварот за градоначалник е меѓу 45-годишниот Садик Хан, лабурист со пакистанско потекло и син на возач на автобус и 41-годишниот конзервативец Зак Голдсмит кој е пратеник и син на милијардер.

Според анкетите предност има Хан со што има шанса да биде првиот муслиман градоначалник на космополитски Лондон. Досега, градоначалник беше Борис Џонсон, кој помина осум години на таа функција.

Најчитани вести