Зивчевиќ повторно во дресот на МЗТ

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје, во новата сезона ќе биде посилен и за Ненад Зивчевиќ. Тој е повратник во редовите на „металците“ за кои настапуваше во сезоната 2010/11, а негов последен клуб беше Ал Араби од Катар.

Зивчевиќ потпишал едногодишен договор со МЗТ и е трето засилување за нашиот претставник во АБА лигата, откако досега како засилувања беа промовирани и Марко Пајич и Георги Цинцадзе.