Живковски: Младите се охрабрија по акцијата „Еразмус“

Гледам секојдевно, а и по социјалните мрежи дека многу млади луѓе се охрабрени од акцијата „Еразмус“ и сега доколку наидат на ваков проблем ќе можат многу полесно да го искажат, се со цел навремено да се спречи, а не да се премолчува нешто што траело повеќе години.

Oва во отвореното студио на ТВ Нова го истакна адвокатот Иван Живковски, кој подолго време беше претседател на Студентскиот Парламент при УКИМ.

Тој систем само земал поголем замав и имал повеќе жртви во него, смета Живковски.