Животот на село се поатрактивен- Еве кои градски личности се одлучија за живот во село

Животот на село станува се поатрактивен. Градските гужви луѓето се почесто сакаат да ги надминат на село. На чист воздух, во мир, спокој и тишина. “Од град во село за нов почеток“ е насловот на новиот мега проект што го најави Никола Груевски.

Тоа дава шанса на сите оние што се жалат дека немаат работа, дека немаат можности, дека немаат перспектива, дека немаат пари за старт – да се охрабрат и да си стартуваат свој бизнис.

Секако, прва бариера која треба да се прескокне, е психолошката. Односно “како сега од град да се замине на село“? Проблемот настанува со тоа што со децении се сметаше како најголем “успех“ во животот е да се дојде да се живее во град. Особено во Скопје. Таквите “успешни“ прикаски завршија во времето на СФРЈ со огромен број социјални случаи што останаа на улица, а подоцна и со криминалната приватизација на СДСМ и затварањето на фабриките. “Успешните прикаски“ завршија како такси возачи низ Скопје, анализира порталот Дудинка.

Многу градски личности од Скопје се одлучија на живот во село. Нивните приказни ги објави порталот Дудинка.

Бодан Арсовски басистот и авторот од “Леб и сол“ од Тафталиџе се реши бизнис со посеви (сеење, ѓубрење, поливање, жнеење…) да си отвори во Ерџелија, на пол пат од С. Николе кон Штип. Дури и куќа да си купи таму.

Љупчо Мартиновски – Мартин е скопска угостителска леѓенда со својот локал Мартини во Лептокарија. Се заљуби во Кожуф планина. Се пресели во Смрдлива вода и си отвори угостителски локал таму.

ll

uzunov-768x768

Вања Битољану од стручњак за воздухопловство се повлече во беровско каде се бави со производство на органски беровски компир. Компир за гурмани.

2-2
milenko-768x576

И новинарот Миленко Неделковски ужива во село.

Динко од “Лек Љубљана“ се зафати со овоштарство во околината на Валандово.

ovostarnik

1-2

Зоран Узунов – Узун, се пресели во Дојран каде има 5.000 садници гоџи бери (бобинки).

Александар Пандов откако се повлече од политиката во далечната 2003-та постепено се пресели на имотот на својот татко во Зелениково. Сега таа одамна изградена викендица е претворена во рајска градина со егзотични и ретки дрвца, цетови, жбунови, треви…

4-768x576 3-1-768x364