Магазин

Златан Ибраимовиќ ќе промовира сопствен парфем

Златан Ибраимовиќ ќе промовира сопствен парфем

Шведскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе лансира сопстевн парфем што ќе го носи неговото име, најави фудбалерот на Твитер и Фејсбук, илустрирајќи ја својата порака со логото на идниот парфем.

– Претпремиера на нешто на што работев послените две години. Нешто на што се гордеам, напиша шведскиот фудбалер, обајвувајќи фотографии на логото на парфемот „Златан Ибрахимовиќ Парфумс“.

На логото има риба и пердува, како и буквите „М. и В.“, односно иницијалите на имињата на синовите Максимилијан и Винсент, што всушност се копии од неговите две тетоважи.

Рекламната агенција која работи на лансирање на парфемот одби да даде повеќе информации.

Златан Ибрахимовиќ не е прв фудбалер со сопствен парфем. Пред него парфени со нивните имиња промовираа и Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.