Спорт

Златан сака до крај со ПСЖ

Златан сака до крај со ПСЖ

Најголемата ѕвезда во дресот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ откри дека сака на “Паркот на Пинцовите” да ја заврши својата богата фудбалска кариера.

“Редовно ги читам новинарските шпекулации, постојано слушам дека ќе бидам продаден, дека сакам нова авантура, дека во новата сезона ќе носам дрес на некој друг клуб. Единствената вистина е таа дека сум среќен во Париз, дека не планирам никаква промена на клупската средина и дека сакам мојата фудбалска кариера да ја завршам во дресот на ПСЖ. Се надевам дека ќе ја искористиме новата шанса за освојување на шампионската титула. Се надевам дека ќе бидам во комбинација за тој натпревар. Ако играм, ПСЖ сигурно ќе победи и на најспектакуларен начин ќе ја прославиме новата шампионската титула во француската Прва лига”, изјави шведскиот интернационалец кој сезонава има постигнато 25 погодоци.