Златен мед – природен антибиотик од вашата кујна

Мешавината на мед и куркума има одлични својства за здравјето на целокупниот организам. Двете намирници имаат моќно противвоспалително дејство кое го јакне имунолошкиот систем.

Во составот на куркумата се наоѓа куркуминот, за кого е докажано дека антиканцерогено дејство. Куркуминот е главна активна состојка на куркумата, а научниците утврдиле дека го намалува ивото на слободните радикали во телото, ризикот од настанување на хронични воспаленија и автоимуни болести.

За подготовка на овој еликсир потребно е да се измеша една полна лажица прав од куркума во 100 грама мед. Смесата се чува во тегла и може да се користи неколку дена. Земете една лажица од смесата наутро на празен стомак, околу 30 минути пред појадокот.

Овој напиток ќе го зајакне вашиот имунитет, ќе ја подобри вашата целокупна здравствена состојба и ќе помогне во превенцијата од рак.

Експертите овој напиток го препорачуваат на личностите кои страдаат од хипертензија, бидејќи куркумата е одлична за регулација на нивото на крвниот притисок. Меѓутоа, бидејќи медот може да го зголеми нивото на шеќер во крвта, дијабетичарите би требало да се посоветуваат со лекар дали да го конзумираат напитокот.