„Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

За наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор, од пријавените 34, пет книги влегоа во потесен круг.

Во потесниот круг, жирито задолжено за доделување на оваа награда ги издвои следниве: „Лични податоци“ на Владимир Илиевски, „Кожа“ од Наташа Сарџоска, „Полнотија„ од Јован Стрезоски, „Моите веди“ од Вера Чејкоска и „поврзи ги очите“ на Николина Андова – Шопова.

Победникот ќе биде прогласен на 23 август, а во недела на 24 на завршната манифестација „Мостови“ на УН ќе му биде врачена престижната награда „Златен Венец“.

Ова се педесет и трети Струшки вечери на поезијата, кои свечено ќе бидат отворени на 21 август со традиционалното читање на „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган.