Златков: Над милијарда евра се исплатени во десет години на земјоделците

Директорот на државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Игор Златков учествуваше на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Единствени коишто се вистински партнер на земјоделците“, при што истакна дека во зимнатата деценија владата на ВМРО-ДПМНЕ вложила значителни средства во развојот на земјоделството во земјата.

„Над милијарда и 180 милиони евра се исплатени од 2006 до 2016 година, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека 160 милиони евра се обезбедуваат секоја година за субвенционирање на земјоделски производи, односно директни плаќање“, рече Златков.

Директорот посочи низа мерки кои се воведени со цел финансиска помош на земјоделците и сточарите.

„Ако направите споредба дека во Естонија повикот трае само седум дена за ИПАРД, во Македонија трае 60 дена. Тоа е направено со цел да можат земјоделците да имаат поголем временски период за да аплицираат, да се одлучат и да соберат потребна документација. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ најавивме дека ќе имаме набавка на системите за наводнување капка по капка и набавка на расни грла на добиток со повраток на инвестиција до 80 проценти. По ова може да се види грижата која сме ја имале до земјоделците“, посочи Златков.

Ѝ препорача на новата влада дека би било добро да ги следат чекорите кои досега ги правеле, но и одлично доколку успеат да се доближат чекор до нив и нивната работа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.