„Златна Буба Мара“ блесна и оваа година, публиката најслатко се смееше (ФОТО+ВИДЕО)

буба

Јубилејното издание на оваа манифестација имаше дури четири водители, Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Валентин Костадиновски и Атанас Атанасовски.

Главното внимание го зеде говорот на Ранко Петковиќ, но се разбира како и секоја година и оваа не беше исклучок каде што преовладуваше музика, се доделуваа награди во вкупно 21 категорија (стари и нови) додека сцената ја красеа повеќе од 200 изведувачи како и „Специјалното забавно обвинителство“.

Наградите заминаа кај членовите од ансамблот „Мањифико“ за животно дело, за спортски успех со златна буба мара се закити младинската фудбалска репрезентација на Македонија како и автомобилистот Игор Стефановски Иџе и пливачот-маратонец Томи Стефановски.

За достигнување во хорското и оперското музицирање наградата замина кај Томислав Шопов. За најдобра претстава е прогласена „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а мјузикл на годината е „Чикаго“ во режија на Наташа Поплавска. Најдобар млад актер е Александар Михајловски за претставата „Силјан Штркот шанца“, а актерка на годината е Јелена Јованова. Најдобар актер е Никола Ристановски кој му ја предаде наградата на Сашко Коцев.

Меѓу останатите кои добија награди се Антонија Гиговска за најперспективна млада пејачка, за пејач на годината е прогласен Даниел Кајмаковски. Како најпопуларна емисија беше крунисано ТВ шоуто „Еден на Еден“, додека етно-групата „Љубојна“ исто така си замина со златна буба мара.

Како јаготка на шлагот беше и настапот на групата „Меморија“, кои по цели 25 години се појавија на сцената со оригиналната постава на бендот и ја отпејаа „Оган под ѕвездите“.

16797161_1834186183485956_3644213590374059121_o-768x512

16797417_1834206970150544_107609748730269370_o-768x512

16797445_1834230853481489_4480415277287793687_o-768x512

16797693_1834177366820171_3962036945644792168_o-768x512

16825879_1834206746817233_2822023452272132861_o-768x512

Видео извор: Телеграф.мк