„Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 21 февруари

Забавната манифестација „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 21 февруари во Универзална сала и по 18-ти пат ќе додели награди за најпопуларните музичари, уметници и јавни личности.

Златна бубамара на популарноста им соопштува на социјалците, пензионерите, политичарите и демонстрантите од позицијата и опозицијата дека подготовките за 18 издание на „Златна бубамара на популарноста“ се одвиваат во најдобар ред и дека сите заедно сме на вистинскиот пат за исполнување на нашата задача за заедничка среќа, толеранција, насмевки и љубов помеѓу луѓето и сличните на нив. Нашиот буџет е скроен и е полн со ставки што ја прочистуваат мислата, го облагородуваат духот и ги задоволуваат потребите на секој човек да се чувствува како човек. Музичкиот спектакл ќе се случи на 21-ви февруари во Универзална сала со присуство на најпопуларните музичари, уметници и јавни личности и, се разбира, пред будното око на голем број обезбедувачи на добриот хумор, забава и музика“  стои во соопштението од штабот на Радио Бубамара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.