Златна грозница ја тресе Софија

Вистинска златна грозница ја тресе планината Витош над Софија. Бреговите на потоците и реката на јужниот дел од планината се преполни со луѓе кои се опседнати со легендите и вооружени со лопати и прибор трагаат по злато.

Повеќето од нив, сепак пронаоѓаат само грам или два дневно, но се надеваат дека ќе пронајдат злато во огромни количини.

z

Надежта им се зголемува по секој обилен дожд, кој оваа планина ја прави бугарски Ел Дорадо.

Навистина на падините на Витош постојат неколку наоѓалишта на самородно злато, а во местото Диканит се наоѓаат и крупни парчиња.

z2

Во коритата на некои потоци дури се пронајдени и примероци на злато преработено во древен накит. Грам чисто непреработено злато во златарите во Софија чини 25 евра, а обработените примероци завршуваат на црниот пазар, пишуваат бугарските медиуми.