Златна зора: Никој нема право да го користи името Македонија, освен Грција

Името Македонија е грчко и никој нема право да го користи со исклучок на Грција, повтори грчката неофашистичка партија Златна зора.

Грчките медиуми јавуваат дека пратеникот во Европскиот парламент на Златна зора, Јоргос Епитидиос уште еднаш побарал „Скопје да престане да се нарекува Македонија“.

– Изговорот дека Грција ја спречува интеграцијата на Скопје во меѓународните организации е лицемерен, а она што треба да го почитува соседната држава е историјата на нашата земја, рекол Епитидиос.

Инаку во Грција се уште се актуелни интервенциите на европратениците на Нова демократија Кефалојанис и Спираки на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) кои остро се спротивставиле на отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија.

Сепак, анти-македонските амандмани на коалицијата на европратеници од Грција и Бугарија не пројдоа и АФЕТ во вторникот ја усвои Резолуцијата на известувачот Иво Вајгл за Република Македонија, во која по деветти пат, европскиот законодавен дом бара итно отворање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската унија