Златната копачка од Мундијалот доделена на Родригез

Фудбалерот на Реал Мадрид Џејмс (Хамес) Родригез, ја заслужи наградата Златна копачка, која што е наменета за најдобриот стрелец на Светското првенство во Бразил.

Колумбискиот фудбалски репрезентативец на Мундијалот успеа да постигне шест погодоци за својата национална селекција.

Со ова се препорача кај челниците во клубот од „Сантијаго Бернабе“, каде што се пресели од Монако.

„Се радувам на оваа награда, во свое и во име на моите колеги од репрезентацијата на Колумбија, тие го овозможија успехот“, вели младиот фудбалер.

„Титулата најдобар стрелец на Светско фудбалско првенство е одлично постигнување и се радувам на можностите за успех со Реал Мадрид и со Колумбија“, додава Родригез.

Погодокот кој што го постигна на дуелот за пласман меѓу најдобрите осум селекции на Мундијалот, против Уругвај, беше прогласен за најубав на натпреварувањето.

„Ми се допаѓа, како и да е, подобар е голот против Јапонија“, им порача Колумбиецот на медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.