Спорт

Златната топка за Роналдо, Рибери незаслужено остана со празни раце

Златната топка за Роналдо, Рибери незаслужено остана со празни раце

Најпрестижната награда во фудбалскиот свет, популарната “Златна Топка”, во следните 365 дена ќе биде во сопственост на

“Сакам прво да им се заблагодарам на моите соиграчи, на мојата фамилија, на мојата девојка, мојот син. Многу сум среќен, сите знаеме колку е тешко да се освои овој трофеј. Ова е најемотивниот момент во мојата кариера”, изјави Роналдо.

Изборот на португалскиот интернационалец е повеќе од јасен сигнал дека челниците на ФИФА и уредниците во Франс Фудбал повеќе ги ценат индивидуалните квалитети и ефектот на поединецот и истовремено заборавија дека фудбалот е колективна игра и дека основната цел на секој фудбалер и клуб е да освои што е можно повеќе трофеии.
Точно дека Роналдо во изминатата сезона постигна рекорден број на погодоци вкупно 69, но неговиот тим, Реал (М) не освои ниту еден трофеј.

За разлика од Португалецот, крилниот напаѓач на Баерн (М), Франк Рибери во изминатата сезона освои се што можеше да освои, трофејнот во Лигата на шампиони, германската Бундес Лига, Купот на Германија и на Светското Клупско првенство во Мароко.

ЗЛАТНА ТОПКА 2013: Кристијано Ронало (М).
ТРЕНЕР НА ГОДИНАТА: Јуп Хајкенс (Баерн М.).
ТИМ НА ГОДИНАТА: Мануел Ноер (Баерн М.), Филип Лам (Баерн М.), Серхио Рамос (Реал М.), Тиаго Силва (ПСЖ), Дани Алевш (Барселона), Андрес Ињеста (Барселона), Чави Хернандез (Барселона), Франк Рибери (Баерн М.), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Кристинано Роналдо (Реал М.), Лионел Меси (Барселона).
ГОЛ НА ГОДИНАТА: Златан Ибрахимовиќ (Шведска).