Златно правило за сите заљубени – научете ја формулата 2/2/2

Во ова брзо време, се потешко е да се одвојат скапоцени моменти кои ќе си ги посветите само себеси и на својот партнер. Според психолозите, за успешна, среќна и цврста врска, потребно е да се придржувате до едноставната формула на трите тројки.

Правилото 2/2/2, кое треба да го почитуваат сите кои се во врска или брак, вели:

– Секоја втора недела излезете на вечера;

– Секој втор месец отпатувајте на викенд;

– Секоја втора година одморете или патувајте барем една недела.

Иако сте во долга врска или во брак, не значи дека треба да ги занемарите излегувањата и состаноците. Се разбира тие нема да бидат чести како на почетокот, но се подеднакво важни.

Викендот е одличен за да избегате од градскиот метеж кој секојдневно ве опкружува, макар на краток планински излет или посета на пријателите од друг град.

Одморот не секој може да си го дозволи секоја година, но потрудете се тоа да биде време поминато со вашиот партнер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.