Злато вредна победа на Марибор и Ибраими

Актуелниот шампион на Словенија, тимот на Марибор, чии дрес го носи и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими забележа минимална победа над израелскиот претставник. Макаби ТА, во првиот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Нашиот интернационалец беше заменет во 78 минута, а единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 90 минути беше дело на Дамјан Бохар.

Идентичен триумф но на гостувањето во Данска, забележа актуелниот шампион на Хрватска, Динамо (З), а мрежата на Алборг ја затресе младиот играч за врска, Марсело Брозовиќ.
Без победник и без погодоци заврши првиот натпревар помеѓу шампионот на Бугарија, тимот на Лудогорец и вицешампионот на Србија, Партизан.

Резултати: Актобе – Стеауа 2:2, Карабах – Салцбург 2:1, АЕЛ Лимасол – Зенит 1:0, Днипро – Копенхаген 0:0, Хелсинки – АПОЕЛ 2:2, Грасхоперс – Лил 0:2, Феенорд – Бешикташ 1:2, Стандард – Панатинаикос 0:0, Лудогорец – Партизан 0:0, Алборг – Динамо З. 0:1, Марибор – Макаби Т.А 1:0, Легија – Селтик 4:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.