Златото на Соња Николовска повторно на продажба

По двата неуспешни обиди да се продаде златото и златниот накит на сопственичката на „ТАТ“, Соња Николовска, тоа деновиве повторно ќе биде понудено на продажба, пишува весникот Нова Македонија

Според информацијата на „Нова Македонија“ златото на Николовска ќе биде понудено на продажба на јавната лицитација која ќе се одржи на 17 септември во Основниот суд во Битола. Ќе се продава во пакет, по цена од 8.088.240.00 денари.

Инаку златото и златниот накит на Соња Николовска, кој по пресудата на Врховниот суд стана сопственост на штедачите се состои од 798 поединечни златни предмети.