четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Скандалозно: Ременски отстапува возила на МТСП за користење во партиски цели

Иако Методијева била задолжена да го користи возилото за службени потреби како што е наведено во решението, од фотографиите и видеото во прилог се забележува дека таа го употребувала надвор од работното време и вон потребите на Министерството за приватни и партиски цели.

6

Последни вести

Откриена е злоупотреба на возила од страна на блиски соработници на Фросина Ташевска Ременски. Станува збор за Наташа Методијева службеник во кабинетот на техничката министерка за труд и социјална политика која користела возило на министерството за приватни потреби и цели, пишува „Курир“.

Наташа Методијева кабинетски во кабинетот на Ташевска Ременски користела службено возило на министерството чие користење и било дозволено нејзината министерка.

Од документите  во прилог јасно се гледа дека Наташа Методијева е именувана за кабинетски службеник на 2 септември 2016 година и дека со решение од 3 октомври и е утврдено правото за користење на службено возило Цитроен Ц3 со регистарски број SK-2275-AL

1

2

Иако Методијева била задолжена да го користи возилото за службени потреби како што е наведено во решението, од фотографиите и видеото во прилог се забележува дека таа го употребувала надвор од работното време и вон потребите на Министерството за приватни и партиски цели. Возилото е забележано и пред партиските штабови на СДСМ, а на фотографиите подолу возилото е забележано пред зградата во која живее Наташа Методијева.

3-1

4-1

 

Службеното возило на министерството за труд и социјална политика синоќа е забележано вон министерството.

4a

Истиот кабинетски службеник е партиски војник на СДСМ и учесник во таканаречената Шарена револуција, па оттука логично се поставува прашањето дали нејзиниот шеф Фросина Ташевска Ременски ја наградувала со возило во сопственост и средства од Министерството за успешно завршени партиски обврски.

5

 

Ова е конкретен доказ за злоупотреба на службени ресурси, службени возила за приватни и партиски цели. Техничката министерка Ташевска Ременски која се обиде да манипулира на неколку пресконференции и лажно да обвинува, преку овој случај дознаваме дека дозволувала злоупотреба на службени ресурси и возила од страна на нејзиниот кабинет.  За досегашните скандали немаше храброст и доблест да се извини но за конкретниот скандал треба да понесе одговорност и Ременски и нејзиниот кабинет.

Останува јавноста да суди, а надлежните институции да превземат соодветни мерки.

Најчитани вести