8.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Злоупотребен гласот на пратеникот Мухиќ за ратификација на договорот со Грција

Според извештајот на Собранието, независниот претеник од владејачкото мнозинствот Ферид Мухиќ гласал „за ратификација на договорот со Грција, но пратеникот вели дека бил во странство дента на гласањето.

 Пратеникот од листата на СДСМ, Ферид Мухиќ, гласаше против потребата за гласање на договорот со Грција по итна постапка, а наредниот ден според извештајот на Собранието тој гласал „за“ овој договор, нешто што токму според пратеникот не е возможно, бидејќи тој дента бил надвор од државата.

„Јас добив една таква порака, дека пратеникот Мухиќ овој пат гласал ‘за’ – не. Јас се јавив веднаш и до нашите служби и до координаторот, тој ми ги испрати листите на кои не стои воопшто дека пратеникот Мухиќ гласал ‘за”, рече Мухиќ во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

И покрај тоа што Мухиќ кажа дека го немало во листинзите, во извештајот на официјалната страна на Собранието стои дека тој гласал „ЗА“ ратификацијата на договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.