Змејкова ги информираше пензионерите во Кавадарци за нивните здравстевни права

Директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова, на работилница во Кавадарци ги информираше пензионерите за нивните права од здравствено осигурување, како и за здравствените програми кои ги финансира ФЗОМ.

Ваквите едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за правата од здравствено осигурување, како и за превенција на нивното здравје за трите најчести незаразни заболувања (кардиолошки, нефролошки заболувања и дијабетес).

Парнарџиева-Змејкова оствари работна среба и во општата болницата Борка Талески во Прилеп, каде имаше можност лично да се увери како функционираат новите методи  за снимање на остеопороза, како и апаратот за ПРП (терапија со плазма збогатена со тромбоцити, или автотрансплантација), при што директорот на болницата, Илија Богатоновски изрази задоволство дека отсега овие услуги ќе им бидат достапни на пациентите кои гравитираат кон опшина Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.