Зaменик-министерот Спасов ја посети општина Битола

Зменик-министерот Спасов ја посети општина Битола

Министерството за труд и социјална политика во Битола во моментов реализира повеќе проекти за подобрување на инфраструктурата, социјалната заштита и вработувањата. Дел од проектите се завршени, а дел се во завршна фаза, истакна денеска заменик-министерот Диме Спасов кој беше во посета на општина Битола.

– Објектот на Центарот за вработување е стар повеќе од 55 години и после толку години за прв пат се реновира и обновува преку ИПА програмата на ЕУ. Објектот на Центарот за социјални работи, стар околу 30 години целосно го реновиравме и обновивме. За реализација на овие два проекти, од донатори, од Светска Банка и ЕУ беа издвоени 21 милион денари за нивно целосно обновување и опремување, рече Спасов.

Од големо значење, како што рече, се квалитетот и условите за работа на вработените, но и приемот на граѓаните во овие објекти кои остваруваат права од социјалната заштита и вработувањето.

Министерството за труд и социјална политика во Битола во моментов врши реконструкција и опремување на дневен Центар за аутизам, а во Градското шеталиште се гради патека за слепи лица.

– Општина Битола го обезбеди просторот, а МТСП почна со реновирање и адаптација. Центарот за социјални работи ќе обезбеди кадар, а НВО „Марко Поло“ обезбеди донација за опремување. Верувам дека во 2016 година дневниот Центар за аутизам, трет во Македонија ќе биде ставен во функција. Но, исто така во 2016 година ќе биде ставена во функција првата патека за слепи лица и лица со оштетен вид која се гради во градското шеталиште, посочи Спасов. foto 2 (1)

Реализацијата на проектите на МТСП се остварува со поддршка на општина Битола, потврди градоначалникот Владимир Талески и најави нови за граѓаните во овој град.

– Во урбаната заедница „Стив Наумов“ во средината на 2016 година ќе отвориме Центар за стари лица за што веќе е обезбеден простор, додека во 2017 година ќе отвориме Центар за лица со посебни потреби и лица со инвалидитет. Со овие проекти ќе направиме еден исчекор за подобрување на животот и на овие лица, истакна Талески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.