Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско

Јулска жега од претходните денови ги измами змиите. Така оваа, долга 2,5 метри е фатена во атарот на кратовското село Филиповци.

Мештаните велат дека не е опасна бидејќи во прашање е смок, но во секој случај неговата импознатна големина предизвикува страв кај секој кој би налетал на него.

Од четврток метеолозите најавуваат нов топлотен бран, па внимавајте каде газите, зошто во Македонија живеат најмалку три видови на отровници.

zmija1

zmija2ФОТО: Сител.мк