Значајна победа на кошаркарската селекција над Романија

Македонската кошаркарска репрезентација одигра одлично втора четвртина против селекцијата на Романија, во коешто всушност ја оствари заначајната победа од 90:76 на домашен терен во второто коло од претквалификациите за ЕП 2021, откако претходно седмицава на гости беше совладано Косово.

По првата четвртина која мина во неизвесна игра, во прв ред поради отсуството на концентрација во одбраната на домашната селекција но сепак заврши со водство на Македонија од 20:19, избраниците на селекторот Јоданчно Давитков одиграа одлично во вториот период од првото полувреме и на одморот заминаа со водство од 43:35.

Со истиот интензитет македонските кошаркари одуграа и во третиот период во кој ги имаа и највисоките 16 поени разлика (57:41). Во последната делница Македонија го одржуваше водството и на крајот сосема заслужено победи со значајни четирианесет кошеви предност (90:76), во пресрет на гостувањето во Романија на почеткот од следната година.

Капитенот Војдан Стојановски постигна 21 поен, со 13 скокови и пет асистенции, го следеше Бојан Трајковски кој постигна исто така 21 поен, а Хендрикс реализираше 14.

Македонија има две победи по првите две кола во втората рунда претквалификации. Следниот меч за нашите кошаркари е во декември кога на домашен терен ќе го пречекаме Косово.