Магазин

Значење на симболите типични за Ноќта на вештерките

Значење на симболите типични за Ноќта на вештерките

Пристигна Ноќта на вештерките, познатиот светски празник кој и во Македонија полека ја  наметнува својата популарност.

Се работи за келтски празник, наречен Samhain кој католиците го преземале и преименувале во Аll hallows eve, односно Halloween.

Бои, лилјаци, вештерки и тикви: Кое е значењето на најтипичните симболи за Ноќта на вештерките?

Портокалова и црна боја

Овие бои го претставуваат времето од годината. Портокаловата боја ја претставува есента. Овој келтски празник ја одбележува транзицијата помеѓу „светлите“ и „мрачните“, па црната боја ги претставува мрачните денови на зимата.

Лилјаци

Лилјаците се ноќни суштества па природно е да се користат како декорација во темните кафулиња. Покрај тоа, во старите денови се палеле големи огнови кои привлекувале комарци и молци кои ги привлекувале лилјаците што значи, дека тие најверојатно биле вообичаена глетка во текот на раните прослави.

Лилјаците добиле ново значење откако легендите за вампирите го заземаа своето место во фолклорот на Ноќта на вештерките, бидејќи се смета дека вампирите можат да се трансформираат во лилјаци.

Црни мачки

Според старите келтски верувања мачките се реинкарнирани души на луѓето. Исто така, мачките можат да ја видат иднината.

Скелети

Черепот во многу различни култури бил симбол за човечката смртност, односно стравот од смртта.

Друидите и Келтите верувале дека черепот е „психичкото седиште“ на човечката душа. Черепите и скелетите се поврзани со Ноќта на вештерките, бидејќи тие го претставуваат крајот на физичкиот животот.

Духови

Овој празник не бил поврзан само со крајот на жетвата, туку и со мртвите души. Некои уште го нарекуваат и „Фестивал на мртвите“.

Маски и костими

Според старите верувања луѓето носеле маски, бидејќи на тој начин можеле да ги измамат духовите и демоните. На оваа ноќ „завесата“ помеѓу духовниот свет и природниот свет е толку тенка, што е најдобро да се преправате дека сте некој друг.

Jack O’Lanterns

Според легендата, еден Ирец по име „скржавиот Џек“ бил познат пијаница и шегаџија. Кога починал остана заглавен помеѓу световите. Носел издлабена репка со свеќа внатре и ѝм тропал на вратите на живите. За да го избркаат и исплашат, Ирците почнале да ги украсуваат тиквите и да ги ставаат пред своите куќи. Така е родена оваа традиција.

Вештерки

Се верувало дека моќта на вештерките е најсилна токму на овој ден, 31 октомври.

 

Извор: Црно Бело