Значително зголемување на авиооперациите на двата аеродроми во Македонија

Двата аеродроми во Македонија имаат значително зголемување на бројот на патници и авиооперации, откако ТАВ раководи со нив. За само пет години, зголемувањето претставува некаде 75 проценти, што севкупно резултираше во минатата година да има зголемување над милион патници. Првиот човек на компанијата Зоран Крстевски, за емисијата на МРТ „Бизнис 365“, зборува и за новите авиолинии кои почнуваат од овој и идниот месец.

zoran.jpg-500

Колку новите дестинации ја доближија Македонија до европксите центри?

Крстевски: Откога ТАВ раководи со двата аеродроми во Република Македонија, имаме големо зголемување на бројот на патници и на авиооперации. За само пет години, зголемувањето претставува некаде 75 проценти, што севкупно резултираше во минатата година да имаме зголемување над милион патници. Засега од скопскиот аеродром опслужуваме 26 дестинации на европските линии и една интерконтинентална линија за Дубаи. Оваа година очекуваме од јуни и јули да се зголеми бројот на линии и тоа на патници за Осло, Барселона, Нинберг и Хамбург, што ќе бидат опслужувани од нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

Рековте дека бројот на патници е зголемен. Колкаво е учеството во однос на нискобуџетните компании, односно евтините летови и колку беа тие добредојдени?

Крстевски:Секако дека појавата на нискобуџетна компанија го раздвижи авиопазарот во Македонија и тие сега заземаат околу 50 проценти од вкупниот број на патници, кои се остваруваат на Скопскиот аеродром. Очекуваме оваа година и од Охридскиот аеродром да имаме две нискобуџетни линии, едната е за Лондон, а другата е за Базел, со што ќе се зголеми и туристичката понуда на тој регион.

Колку е важна улогата на субвенциите во Македонскиот авиосообраќај?

Крстевски:Субвенциите секако дека помагаат во развојот на авиосообраќајот тоа е релација помеѓу Владата и авиокомпаниите, од наша страна како ТАВ ние исто така даваме свои попусти на авиокомпаниите што ги прави атрактивни и нивните дестинации, а и ја зголемува целната група која досега користела автобуси или автомобили за превоз до некои европски дестинации.

Колкав е бројот на патници што се превезоа на двата аеродроми лани, и каков беше почетокот на годинава?

Крстевски: Оваа година имаме видно зголемување на бројот на патници, околу 18 проценти и со новите дестинации кои ги очекуваме во јуни и јули тој број секако ќе се зголеми и над 20 проценти. Минатата година беше успешна за авиосообраќајот во Македонија бидејќи зголемувањето беше 23 проценти во однос на 2013 година и резултираше со над милион патници односно 1.210.000 на скопскиот аеродром.

Кога е најголема фрекфенцијата на аеродромот летниот период или нема правила?

Крстевски: Во основа летниот период е подинамично особено во месеците јули и август, но со новите дестинации и интересот за поевтини цени на авиобилетите таква фрекфенција има за време на божиќните празници и за новогодишните празници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.