Знаци дека сте опкружени со злобни луѓе

Ве лажеле повеќе пати

Љубовта е глагол, а не именка. Таа е активна во сите односи. Љубовта не се само чувствата на страст и романса меѓу љубовниците, тоа е исто така и однесувањето меѓу пријателите и во семејството. Ако некој ве лаже, не ве почитува, не го почитува вашиот однос, во тоа нема љубов. Кога во својот живот имате некого што е хроничен лажго и продолжувате да му давате нови шанси за доверба, имате доста заедничко со таа личност – и двајцата лажете и се однесувате без љубов! На крај, оние што ја избегнуваат вистината и ви го говорат само она што сакате да го слушнете, поради сопствената корист, а не за ваша. Немојте тоа да го трпите!

  1. Ви пренесуваат негативна енергија

Негативните луѓе во вашиот живот не се однесуваат негативно само кон вас, туку кон сите со кои што доаѓаат во контакт. Она што го говорат и го прават е проекција на нивната реалност, на нивните внатрешни проблеми. Дури и кога ќе ви кажат нешто што звучи лично, дури и кога директно ќе ве навредат, најверојатно тоа нема врска со вас. Ова е важно да го запомните, затоа што тоа што овие негативни луѓе го говорат и го прават не треба да го ставате на срце. Иако немате контрола на она што тие го прават или го говорар, вие имате контрола дали ќе им дозволите да ви ги изговорат или да ви ги направат тие нешта. Вие самите можете да ги онеспособите нивните отровни зборови и дела да не го заземат вашето срце и ум. Ако чувствувате дека ваквите луѓе допираат до вас, земете пауза и дадете си самите на себе си простор за дишење. Позитивните нешта се случуваат кога ќе направите дистанца од негативните луѓе. Тоа не значи дека ги мразите, туку дека едноставно се цените себе си.

  1. Ви завидуваат на она што го имате

Малата доза на завист е во ред, но ако некој е претерано завидлив на тоа што го имате, постои голема шанса дека тоа што тие го сакаат, е да го земат тоа од вас. Претераната завист нема да ви покаже колку некој ви се восхитува, туку ќе ви покаже колку тие личности не се сакаат себе си. Ако можете обидете се да се издигнете над тоа, но исто така треба да бидете внимателни да не ве повлечат надолу. Понекогаш, ниту една количина на љубов или ветувања или докази од ваша страна нема и никогаш нема да биде доволна за тие подобро да се чувствуваат со самите себе си. Скршените парченца што ги носат се парченца што самите мораат да ги состават самите себе си. На крај, среќата е внатрешна работа.

  1. Ве мотивираат на осудување и омраза

За волја на вистината, ниту едно човечко битие не е супериорно, ниту една вера, раса, изглед или величина не е инфериорна. Сите колективни осудувања се погрешни. Со нив се служат само осудувачките лицемери. Ако ги осудувате другите врз основа на бојата на кожата, величината на телата и надворешната убавина, ќе го пропуштите она што тие се навистина. Восхитувачки е оној квалитет на луѓето што ќе ги сфатите и ќе ги запознаете во овој свет ако едноставно не го земете во предвид фактот дека многу луѓе не се облекуваат и не живеат на вашиот начин. Луѓето што ве мотивираат да ги осудувате и да ги мразите другите се лоши колку што може да бидат. По секоја цена треба да ги избегнувате.

9.Бараат од вас да бидете некој друг

Го поминувате времето со луѓето што ве гледаат онакви кави што сте, а не какви што тие сакаат да бидете. Поминувате дури и повеќе време со оние што добро ве знаат и што во секој случај ве сакаат и ве почитуваат. Ако некој од вас очекува да бидете нешто што не сте, отстапете. Многу е помудро да го изгубите одност поради она што сте отколку да го задржите додека глумите дека сте некој што не сте. Полесно е да ја излекувате малата болка во градите и да сретнете некој нов, отколку да го составувате вашиот здробен идентитет. Полесно е да се пополни празниот простор во вашиот живот каде некогаш имало некој друг, отколку да го пополните просторот во себе си на местото каде што некогаш сте биле.