четврток, 19 јануари 2017  |  Вести денес: 42

Знаци дека страда по поранешната девојка

ljuboven-triagolnik

Последни вести

И покрај тоа што сте пронашле партнер од соништата, сепак се сомневате дека тој се уште не ја преболил поранешната девојка. Пет знаци дека тој се уште тагува по неа:

1. Секогаш ја споменува поранешната девојка

Ова е многу очигледна причина дека поранешниот љубовен пламен и понатаму тлее во позадина на неговото срце. Дури и да зборува негативно за неа, јасно е дека се уште не ја преболел и уште се сеќава на неа.

2. Ја споредува неа со вас

Комплиментот како она – дека имате иста насмевка како Хајди Клум е добродојден, но што било друго, не поминува. Споредувањето со поранешниот може да се толерира во првите 48 часа на врската, а потоа истекува тестот на толеранција на „трети“ во врската.

3. Продолжува да се сретнува со неа

Да, тие се само пријатели, но оваа другарка би морала да биде на сигурна оддалеченост во поголемиот дел од времето. Во негова близина би требало да биде евентуално на кафе после работа и тоа понекогаш во ваше присуство. Зошто да не, можеби и вие би можеле да бидете добри пријателки.

4. Ве носи на места кои го потсетуваат на неа

Ако секогаш ве носи на исто место, на иста клупа во парк или ресторан, прашајте го зошто тоа место му е толку важно. Ако ви одговори дека затоа што таму одел со поранешната девојка, не е време за паника, туку за аларм.

5. Му пречи ако поранешната девојка е во нова врска

Ако дечкото незадоволен и потиштен ви соопшти дека поранешната девојка има ново момче, речете му вие една добра вест. И тој е во врска со вас и секако незадоволството поради новата љубов на неговата поранешна девојка не е негова ниту ваша грижа.

Најчитани вести