недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Знаци дека таа глуми оргазам

Жените глумат оргазам од голем број причини. Поголемиот дел од жените се чувствуваат несигурни поради фактот што не се во состојба секој пат да го доживеат врвот. Некои сакаат да го зголемат егото на партнерот и да направат се за да се чувствуваат дека добро ја завршиле работата, вели секс терапевтот Ванеса Марин.

orgazam

Поврзани вести

Жените глумат оргазам од голем број причини. Поголемиот дел од жените се чувствуваат несигурни поради фактот што не се во состојба секој пат да го доживеат врвот. Некои сакаат да го зголемат егото на партнерот и да направат се за да се чувствуваат дека добро ја завршиле работата, вели секс  терапевтот Ванеса Марин.

Го достигнува врвот подеднакво брзо како и мажот

На жените едноставно им треба малку повеќе време за да го достигнат врвот, односно околу 20 минути. Клучот е во тоа да запомните дека треба да бидете трпеливи и да сфатите дека времето што ќе ви треба за да ја доведете до оргазам ќе ви користи и на двајцата.

Таа можеби лажира оргазми, затоа што е загрижена што и’ треба толку многу време, додава Марин.

Дозволете и’ да се чусвтвува удобно во нејзиното темпо и дозволете и’ да ве води.

Големо „О“ од никаде

Ако вашата партнерка едвај се испотила, се возбудила и нема знаци дека ќе постигне оргазам, а тој се појавува туку така, имате право да ја кренете веѓата. Можеби имала спонтан оргазам, но тоа е малку веројатно. Можеби почувствувала притисок дека мора да доживее оргазам, затоа што вие сте и’ рекле дека сте многу блиску.

Важно е помалку да биде сконцентрирана на оргазмот како цел на сексот, а повеќе фокусирана на задоволството.

Не го чувствувате грчењето на нејзиното тело

Кога жената доживува оргазам, неможе да го контролира грчењето на мускулите. Ако не се грчи, и ако не го чувствувате стегањето на нејзиното тело, тогаш веројатно не доживеала оргазам.

Многу е гласна

Нормален тик на оргазмот е пред него да стане малку погласна, но ако буквално добила напад на врескање, или ако изговара „да“ повеќе од вообичаено тогаш имате работа со опасна глумица.

Не мастурбира

Можеби не знаете дали сака да го истражува нејзиното тело и ужива во соло секс, но можете да ја прашате. Жените обично преку мастурбирање откриваат што им одговара и како да дојдат до врвот, па ако девојката ви признае дека не мастурбира, можно е да го лажира оргазмот затоа што сеуште незнае што и’ одговара и што ја возбудува.

Најчитани вести