Знаци дека врската ви е токсична

Доколку непрестанато се карате со партнерот, а се плашите да му го кажете своето мислење поради страв од неговата реакција – не сте единствени. Причините поради кои луѓето заглавуваат во ваков љубовен однос се многубројни – од лоши примери во детството, најчесто родителите, преку недостатокот на самодоверба, до стравот да се биде целосно отворен кон партнерот.

Останувањето во таква врска го загрозува здравјето, но тешко е да се прекине, па луѓето често бараат оправдувања убедувајќи се себе дека не постои совршенство и дека е само лоша фаза. Сепак, доколку ги забележите овие три знаци, време е да се загрижите бидејќи укажуваат дека сте во токсична врска.

Омаловажување

toksikЕдно е добронамерна критика, а друго е постојано укажување на вашите недостатоци, постапки и грешки. Доколку на партнерот не му се допаѓа ништо што ќе направите и кажете, па и вашите постапки со најдобра намера ги дочекува „на нож”, омаловажувајќи и со „спуштање” дури и пред пријателите и децата, не го оправдувајте со тешката ситуација на работа поради која е нервозен. Љубовта вклучува доверба, а омаловажувањето не е знак дека партнерот ве цени. Ова е магепсан круг, па ни другата страна често не останува должна. Доколку забелешката на партнерот дека сте се здебелиле ја проследите со коментар дека сексуално не ве задоволува, па морате да јадете, време е да се прашате како сте стигнале до таа точка.

Дистанца

Дали секогаш кога сакате да разговарате за проблем вашиот партнер станува нем и бега во друга просторија? Дали вашиот предлог да посетите брачен терапевт го отфрла како глупав, бидејќи нему ништо не му фали? Дали вашата потреба почесто да ве гушка ја дочекува рамнодушно и не презема ништо, за во прва прилика да ве обвини дека премногу барате? Доколку одговорите на овие прашања се потврдни, во врска сте со личност која не умее да комуницира, што е основа за секој однос. Избегнувањето на комуникација за проблеми укажува на пасивно-агресивено однесување, кое со време станува само полошо бидејќи партнерите се оддалечуваат.

Беспомошност

Секоја врска има подеми и падови, нереално е да се очекува крај како во бајките. Но, тоа не значи дека треба да го прифатите фактот дека поголемиот дел од поминатото време со оваа личност сте несреќни. Љубовта има моќ да не наполни со позитивна енергија, но доколку покрај партнерот често или секојдневно се чувствувате исцрпено и уморно, размислете дали сакате продолжение на агонијата во која беспомошно ќе се вртите во круг. Или, ќе соберете сила да си дадете себе си шанса за нов почеток и среќа.