Значително намалени водостоите на Дрим и Црна

Како што соопшти УХМР, пониски од просечните се водостоите на речиси сите реки, Вардар кај Скопје, Велес, Демир Капија, Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалницаи Струмица.

Нивото на Охридското Езеро, пак, се движело меѓу 4 и 5 сантиметри за разлика од просекот во март кој е 32 сантиметра.