Значително намалено рибокрадството во Охрид

рибокрадство

Со поголема институционана соработка ќе може да се врати охридската пастрмка, која изминативе години е на работ на исчезнување.

Ако зборуваме за рибокрадството, сигурно, апсолутно на охридското крајбрежје е намалено и во повеќе наврати сум истакнал дека 80 до 90 % е заштитено езерото.04 00 Тие се познати од 13 до 15 лица,  кои повеќе пати се осудувани, вели Танас Танасоски концесионер.

Пет годишните истражувања на нуркачите под вода, денес објавени во документарниот филм ,,Танцот со пастрмките”  потврдија дека е значително мала популацијата на пастрмката.

Дојдовме до заклучок дека пастрмката за жал ја има се помалку и помалку. Благодарение на вештачкиот мрест мислам дека таа се обновува но смилам дека не е доволно само тоа, вели Милутин Секулоски од НК Амфора.

Почнувајќи од 20 декември, па се до 20 март, е потполна забрана за риболов на пастрмката, во тек е познатиот татиљ. Тоа е период кога ендемичната охридска пастрмка  од длабочината на езерото доаѓа кон брегот за природно да се  мрести.