Балкан

Според Мило Ѓукановиќ Значително подобрени односите меѓу Србија и Црна Гора

Значително подобрени односите меѓу Србија и Црна Гора

Мило Ѓукановиќ, лидер и кандидат на ДПС на претседателските избори викендов во Црна Гора, во интервју за „Вечерње Новости“ изјави дека и покрај црногорскиот признавање на независноста на Косово, односите меѓу Белград и Подгорица значително се подобрени.

Според него, подобрувањето се поклопува со времето на нова власт во Србија, која во ова време за прв пат во последните три децении” се посвети на самата себе, на својот развој и интеграцијата во Европа.

Тоа придонесе за подобра соработка со сите во регионот. Логично и кон заздравување на нашите билатерални односи. Од клучно значење е Србија да остане цврста во тој стратешки план, и покрај ретроградниот политики притисок кој се обидуваат да и го наметнат одредени центри од внатрешната политичка сцена, додаде Ѓукановиќ.

На констатацијата дека многу важни одлуки, како што е признавањрто на Косово, ги донел под притисок на Запад, тој рече дека Црна Гора ниту во случајот за таа одлука не била водена од желба да некому, особено на свој сосед и пријател, му нанесат штета.

Во пршање е уверението дека треба на вистината да и погледнеме во очи, да го прифатиме она што веќе се случило и на тој начин да придонесеме за стабилност на регионот. Според нашето мислење, Србија војната во Косово ја изгуби поради својата погрешна политика во минатото и непромислениот конфликт со НАТО во 1999 година. И пак, по наше мислење, оваа реалност е непроменлива. Сите што денес на Србија и ветуваат дека во меѓувреме зајакнале што се способни таа, за Србија неповолна реалност да ја сменат, само го трошат времето на граѓаните на Србија. Денешната Србија не одлучува за Косово. Она само ја примила фактурата за поразот што го претрпела претходно.