Знаете ли колку често други луѓе имаат секс?

Верувале или не, мнозинството двојки во просек љубов водат два до трипати неделно. Меѓутоа, статистиката варира кога се во прашање различни генерации, но и различни карактери, сексуални темпераменти, па дури и нивото на сексуални хормони во крвта.

Како што тврди њујоршкиот уролог Хари Фиш, дваесетгодишниците се трудат да имаат секс секој ден (некогаш и по повеќе пати) додека нивните врсници во постојани врски најдолго можат да издржат три дена без размена на нежности под чаршавите. За разлика од нив, луѓето измеѓу 30 и 50 години во просек имаат секс еднаш до двапати неделно, а оние оние постарите вкупно неколкупати месечно.

Колку често ќе имате секс не зависи само од годините, туку и од должината на врската. Двојките кои се долго заедно, а особено, ако имаат мали деца, едноставно не наоѓаат време за да ги задоволат своите страсти. Сепак, без оглед на се’, оние кои се во брак имаат повеќе секс отколку момците и девојките кои се сингл или често менуваат партнери.

„Некои луѓе поретко водат љубов од другите, но без оглед на тоа се среќни како во љубовта, така и со самиот сексуален чин, кога ќе дојде до него. Она што е важно, за здрав однос меѓу партнерите е да имаат слични сексуални апетити. Сепак, доколку дојде до тоа потребите и желбите да не се совпаѓаат, сето тоа може да се усогласи со комуникација“, смета Фиш.

Што се однесува до траењето на сексот, на просечната жена и е неопходно од пет до седум минути пенетрација за да достигне оргазам. За жал, дури 45 отсто од мажите не успева да пратат овој ритам и целата работа ја завршуваат за две минути пред партнерката да успее да сврши.

Исто така, некои мажи се екстремни на целосно друга страна, па им се потребни и по 45 минути за да стигнат до врвот, што повторно за многу дами неодговара.

„До овој проблем доаѓа поради премногу гледање порнографски филмови. За тие мажи ’обичната жена’ повеќе не преставува стимуланс, па му е неопходно многу повеќе време за да се задоволи, што за неговата партнерка најчесто е многу болно. Повременото гледање еротски филмови е в ред, но премногу мастурбација на вакви содржини може да штети“, смета докторот.

Значи, ако ве загрижува сексуалниот живот, водете се не според другите луѓе, туку според сопственото задоволство и задоволството на саканата личност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.