Знаете ли колку и треба на една просечна врска за да „пукне“?

Нашите постари велеа дека за љубовта меѓу двајца кои живеат заедно или во брак, е најопасна седмата година. Но, денеска границите за пукање на врската се поместиле, а главен виновник за тоа се општествените мрежи.

Најновата студија покажува дека најголем дел од тие т.н сериозни врски се распаѓаат во просек на две години и девет месеци.

Статистиката покажува дека од 1.953 возрасни лица кои се венчале и почнале да живеат заедно со својот партнер, најголемиот дел од нив раскинале или покренале бракоразводна парница во рок од две години. Притоа никој од испитаниците за време на таа врска не добил деца.

Како што се испоставило, дури 79 отсто од испитаниците активно ги користеле општестевените мрежи како фејсбук, твитер или порталите за пронаоѓање на сродни души. Од тој број, 36 отсто преку овие сајтови се запознале со своите поранешни партнери.

Една петина признале дека избрзале како со „мувањето“ така и со заедничкиот живот, верувајќи дека по пат на комуникација на општествените мрежи дознале сосема доволно за личноста во која се вљубиле, за тоа да претставува добра основа за квалитетна врска.

Имено, навиките од другата страна претерано да висат онлајн, а да го запоставуваат реалниот однос, во 17 отсто од случаите претставуваат главна причина за прекинување на романсата.

Исто така 12 отсто од учесниците во истражувањето, одлуката за раскинување ја донеле затоа што врз основа на фотографија од туѓ Фејсбук профил, заклучиле дека многу други луѓе имаат посреќни врски од нив..

„До скоро, седмата година беше клучна за двојките кои во тој период имале први сериозни кризи, што било одлучувачки за заедничка иднина или не. Но спрема најновите истражувања, современите луѓе под влијание на општествените мрежи се разделуваат многу побрзо,“ изјави Џорџ  Чарлс, автор на оваа студија.