Знаме на Голема Албанија осамна и во Црна Гора

Знаме со мапа на Голема Албанија осамнало во местото Малесија во Црна Гора, пишува подгорички Вијести.

Според весникот, знамето со мапата било истакнато вчера крај патот Подгорица-Скадар во близина на граничниот премин Божај. Информацијата ја објави и порталот малесиа.орг, според кој знамето било поставено на ѕидот на излетничкото место Витоја каде што во август традиционално се собира албанското племе Хоти.

Црното знаме со мапата на Голема Албанија и со ликовите на албанските национални херои Исмаил Чемаљи и Иса Бољетини на кое пишува „автохтонос“ прв пат се развеа над станионот во Белград за време на квалификацискиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија.