Македонија

ЗНМ: Измените во законите за медиумите чекор напред во подобрување на нивната содржина

ЗНМ: Измените во законите за медиумите чекор напред во подобрување на нивната содржина

Со усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и измените на Законот за медиуми,  Владата ги исполни обврските од согласноста постигната со Здружението на новинарите на Македонија, се вели во соопштението од Здружението на новинари на Македонија додавајќи дека ова е чекор напред во подобрување на понудената содржина на законите,  за кои ЗНМ и странските експерти имаат сериозни забелешки. Ваквото однесување на Владата дава надеж дека во иднина ќе се направат напори за понатамошно подобрување на содржината на законите.

„Со примената на согласноста интернет медиумите целосно се изземаат од медиумските закони, ЗНМ има претставник во Агенцијата за медиуми, секое ограничување на медиумските содржини треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права и значајно се намалуваат обврските за печатените медиуми. Освен тоа, во Законот се вгради одредба со која се потенцира дека целта на законот е да се промовира слобода на изразувањето и слободата на медиумите“, велат од ЗНМ.

Останува обврската во рок од шест месеци да се изнајде решение со кое ќе се зајакне независноста на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија.

ЗНМ останува на ставот дека нема потреба за закон за медиуми, во услови кога Македонија рапидно паѓа на светските ранг листи по слобода на изразувањето.