ЗНМ со проект за слобода на медиумите

Поттикнување развој на поволно опкружување за почитување на правата на новинарите и за подобрување на известувањето на новинарите согласно професионалните и етички норми има за цел проектот „Мрежа на новинарите за слобода на медиумите во Македонија”, што  следните три години ќе го спроведува Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Како што се наведува со соопштението на ЗНМ, главна цел на проектот е да се зајакне солидарноста меѓу новинарите, граѓанското општество, медиумските организации и други актери за промоција на професионалното новинарство и слободата на медиумите.

Исто така, посебна цел на проектот е да ја подобрува судската пракса во земјата за судски предмети за клевета и навреда против новинари и медиуми, согласно праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Проектот предвидува активности за подигнување на свеста за слободата на изразувањето и слободата на медиумите во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, преку обука на новинари, судии и правници.

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) е партнер во спроведувањето на овој проект. Во рамките на ЕУ-проектот ќе се доделат дополнителни три грантови на организации од граѓанското општество.

Вкупниот буџет на проектот е околу 221.00 евра, во кои Европската Унија учествува со 199.000 евра