ЗНМ против предлогот на СДСМ за укинување на радиодифузна такса

Здружението на новинари на Македонија го смета за неприфтлив предлогот на СДСМ да се укине радиодифузната такса, а МРТ да се финансира од држвниот буџет.

Оттаму сметаат дека овој предлог е поднесен во погрешно време, кога сметката на МРТ е блокирана и Владата преку УЈП би можела да го уценува јавниот сервис.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, верува дека постои таен договор меѓу опозицијата и власта да се пренесе дијалогот за реформите во медиумите од „Клубот на пратеници“ во Собраиието, со што ќе се напушти досегашниот формат на преговорите каде што одлуките за сите точки од Пржинскиот договор се донесуваа со консензус.

Имаме сознанија за директни разговори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За работи за кои ќе се договорат, овие политички партии веројатно ќе инсистираат да се гласаат во Собрание, за другите за кои нема да најдат зеднички став, ќе продолжат да се препукуваат, вели Семани.

Тој смета дека нема политичка волја кај партиите за реформи во медиумите и го оставаат ова прашање да се реши на поинаков начин.

„И власта и опозицијата ги сметаат медиумите за инструменсти за манипулација и не сакаат да се откажат од нив. Но реформите е потребни, не заради политичките партии, туку заради граѓаните“, вели Селани.

Реформи пред избори, според ЗНМ, мора да има, но спорно е зошто се менува форматот на разговорите, односно, се оди на дијалогот да се префрли во Собранието. Селмани го проблематизира начинот на глсањево тој случај, ако се напушти принципот на консензус, на тој начин СДСМ нема мнозинство во Собранието. Па оттаму, не гледа логика за ваков предлог на СДСМ , освен ако тој нема некоја политичка заднина.

Освен тоа, за ЗНМ ваквиот предлог не обезбедува стабилно и одржливо финансирање на јавниот сервис. Се менува само начинот на финансирање, без реално да се зголемат приходите на МРТ.

Според проценките , о,5 отсто од државниот буџет се околу 15 милиони евр. Толку пари имаше и во 2014 година и тоа не беше гаранциа јавниот сервис непречено да работи. Предлогот на ЗНМ  е еден отсто од буџетот или околу 30 милионии евра.. Само тогаш јавниот сервис ќе бде независен  и ќе служи на интересите на граѓаните, вели Селмани

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.