ЗНМ заборави дека во ТВ „24 Вести“ работат новинари

Здружението на новинари на Македонија, повторно молчи за атаците и јавниот линч кој партиски функционери на СДСМ го вршат врз новинарката Душица Мрѓа.
Душица Мрѓа беше домаќинка на интервју емитувано на ТВ „24 Вести“ со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Веднаш по интервјуто со Оливер Спасовски, високи партиски функционери од СДСМ како Лидија Димова и Каролина Астеруд, јавно почнаа да ја линчуваат новинарката на своите профили на социјалната мрежа „Фејсбук“. Ова не е прв ваков случај високи партиски функционери да напаѓаат и да упатуваат навреди до новинари.
Здружението на новинари на Македонија сеуште се нема изјаснето во врска со ваквото однесување од страна наопозициските функционери. Вакви случаи јавноста памети и претходно. ЗНМ во многу наврати досега пропушташе прилика да ги одбрани новинарите од атаци кои доаѓаат од опозициската СДСМ, па дури и кога се работеше за директни навреди етикетирања и закани со тужби.
Да потсетиме, портпаролот на опозицијата Петре Шилегов по интервјуто дадено на неговиот лидер Заев за Република, на прес конференција упати остри закани и навреди до одредени новинари. Новинарката Катерина Нешкова од редакцијата на „Дневник“ објави текст во кој пишуваше за бизнисите на одредени новинари и тогаш беше предмет на остри напади, па дури и закани. Во двата случаја Здружението на новинари на Македонија не реагираше на ваквите напади кон новинарската фела.
Ваквото однесување на опозицијата не е реткост, поточно да напаѓаат и да критикуваат новинари само бидејќи не мислат како нив.
Ако ЗНМ искрено се залага и се бори за независно новинарство и подобри услови за работа на новинарите во Македонија, ако смета дека во државата е нарушена слободата на медиумите, ова е убава можност да докажат дека тоа што го зборуваат наназад неколку години е навистина така, што впрочем е и нивна основна задача и обврска да ги штитат интересите на новинарите.
Здружението на новинари на Македонија како професионална организација не смее да дозволи да реагира за вакви и слични атаци, дури откако јавноста тоа ќе го поабра од нив во вакви случаи кога одредени опозициски структури директно ќе ги нападнат со навреди, омаловажувања или закани со тужби.