ЗОИ: САД испраќа хомосексуалци на свеченото отворање?!

Во делегацијата на САД на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сочи ќе бидат и поранешни спортисти кои јавно се декларираа како хомосексуалци.

Меѓу делегатите ќе биде и легендарната американска тенисерка Били Џин Кинг објави канцеларијата на претседателот на САД.

Кинг одговори дека е горда на ваквата покана да биде во делегацијата на САД особено што членови на ЛГТБ заедницата ќе ги поддржат спортистите во Сочи.

Иако Белата куќа не го споменува рускиот закон со кој се забранува пропагирање на хомосексуалноста, портпаролот Шин Инује исткна дека делегацијата на САД ќе ја претставува оно што е најдобро во Америка:

„разлилчност, одлучност и тимска работа“.

САД инаку е една од земјите кои заедно со Франција и Германија нема да ги испратат своите претседатели во Сочи.

Инаку на почетокот на годината Барак Обама ја отфрли идејата да се бојкотираат ЗОИ и покрај усвоениот закон во Русија кој забранува пропагирање на хомосексуалноста.

ЗОИ во Сочи ќе бидат одржани од 7-23 февруари 2014 и се сметаат за најскапи досега игри во историјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.