Балкан

Жолт метео аларм во Бугарија

Жолт метео аларм во Бугарија

Жолт метео аларм во Бугарија поради високите температури. Алармот важи за целата територија на земјата.

Времето може да биде „потенцијално опасно“, бидејќи иако очекуваните температури не се невообичаени за овој период од годината, сепак потребна е внимателност, посебно при работа на отворено, соопштуваат од тамошниот Институт.

Балканот гори

Тропските горештини ја зафатија не само Македонија, туку и целиот Балкан. Речиси во сите балкански земји минатата недела беше издаден црвен метео аларм, поради високите температури и УВ индексот.

Црвениот метео аларм означува „многу опасно време“, како и дека се очекуваат појави што може да предизвикаат голема материјална штета или да бидат опасни по безбедноста на луѓето и животните.

pozar3-533x400Пожари го зафатија Балканот

Неколку големи минатата недела беснееја во јужна Грција, хрватското приморје и во делови од Херцеговина.

Повеќе пожари имаше во јужните делови на Грција, меѓу кои поголеми на грчките острови Закинтос и Скирос и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.

И подрачјето близу Атина беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.

Два големи пожари беснееја во предлот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит.

Неколку пожари беа регистрирани и на подрачјата на херцеговските градови Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц.

 

 

Неколку пожари изминатиов месец го зафатија и подрачјето на Македонија.