вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 39

Зомбирана Македонија, зомбиран Балкан

Поврзани вести

Во своите спомени, главниот терорист на Македонската револуционерна организација (МРО) Андон Лазов Јанев – Ќосето раскажува како речиси не ги убил во Софија д-р Христо Татарчев, Христо Матов и Димитар Стефанов, кои во 1902 година биле членови на Задграничното претставништво на Организацијата. Причината била дека тие по осуммесечно доцнење одбиле на струмичани да им ги пратат ветените пушки, иако од нив добиле 800 турски лири

„Едно време, се фатив за пиштолот и посакав да ги убијам, но веднаш си помислив дека цел свет ќе ни се смее“ (Ќосето).

Во споредба со многумина од лидерите на тогашната МРО, Ќосето бил човек од збор и дело.

ВО СУШТИНА, ЗБОРОТ И ДЕЛОТО БИЛЕ СПЕЦИФИКА НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА КАКО ЦЕЛИНА, НЕЗАВИСНО ОД МНОГУТЕ КОНТРАВЕРЗИ ВО НЕЈЗИНАТА ИСТОРИЈА. ЗБОРОТ И ДЕЛОТО БИЛЕ СПЕЦИФИКА И НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМУНИСТИ И АНТИФАШИСТИ. ЗАТОА НИКОЈ ВО И НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕЛ ДА СЕ ПОДБИВА НИ СО ЕДНИТЕ, НИТУ СО ДРУГИТЕ.

По распаѓањето на Југославија сите нејзини републики станаа за потсмев на целиот свет. Кон нив мора да ја додадеме Бугарија (која како сателит на Советскиот сојуз беше на потсмев и во времето на социјализмот), Романија, Грција и дури 80-милионската Турција, која половина век се умилкува на ЕУ за да се приклучи кон неа.

БАЛКАНОТ СЕКОГАШ БИЛ БУРЕ БАРУТ, И ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ВЕКА ТОА БУРЕ Е КОРИСТЕНО ОД ГОЛЕМИТЕ СИЛИ. НО, РАЗЛИКАТА Е ВО ТОА ШТО ДЕНЕС НЕ САМО ШТО ГО КОРИСТАТ, АМИ И СЕ ПОДБИВААТ СО НЕГО.

Од 1990 година наваму Балканот е експериментална база на САД и НАТО – политичка, економска, психолошка, биолошка, климатска. Други такви крупни простори се Блискиот Исток и Латинска Америка. До крајот на 20-иот век експериментите беа пред се политички, економско-финансиски, пропагандно-психолошки. Потоа, диверзиите се проширија со воена агресија, тероризам, климатско оружје:

Прво, во сите држави на Балканот управуваат американски марионети и прозападни партии независно од нивните бои и имиња. Некои од тие марионети се речиси карикатури. Цел свет виде како црногорскиот премиер Душко Марковиќ беше грубо тргнат од Трамп на средбата на НАТО и скоро ќе паднеше. Но, потоа се заблагодари: „Овој инцидент не направи познати. Ја направи Црна Гора позната во цел свет“ (Марковиќ). Србија за последниве 26 години има 15 влади. Под притисок на САД, поранешниот премиер и актуелен претседател Вучиќ ја номинира за премиер Ана Брнабиќ. Таа е американска марионета, што за Србите е понижување, затоа што добро го паметат бомбардирањето од НАТО. Но, за да биде понижувањето целосно, Брнабиќ е и лезбејка, што е апсолутно неприфатливо за српските традиции. Кај нас пак за премиер е  наметнат Македонец, кој треба да ја уништи Македонија.

САД НЕ САМО  ШТО ГИ СПРОВЕДУВААТ СВОИТЕ ИНТЕРЕСИ, ТУКУ ТОА ГО ПРАВАТ ПЕРВЕРЗНО, ПСИХОЛОШКИ ГЕНОЦИДНО, ГЕНОМОДИФИЦИРАНО.

Второ, народите од Балканот масовно се…

Најчитани вести